Ekipa
27 Септември 2018•Ажурирај: 28 Септември 2018
НАБЛУС (АА) - Најмалку 20 Палестинци се повредени за време на интервенција на израелските безбедносни сили на окупираниот Западен брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинските активисти протестираа поради влезот на еврејските доселеници на локација за која веруваат дека е гробница на Јосиф, едно од светите еврејски места кои се наоѓаат во градот Наблус.
Неименуван извор за АА истакна дека израелските сили интервенирале со боева и пластична муниција и раниле најмалку 20 палестински демонстранти кои се згрижени во болница.
Меѓу хоспитализираните се наоѓаат и двајца новинари, а десетици демонстранти се повредени со поголема количина на солзавец која израелските војници ја користеле за време на интервенцијата.
Голем број на археолози тврдат дека гробот на Јосиф е стар само неколку века и дека еврејските тврдења не се точни. Палестинците сметаат дека гробот му припаѓа на муслиманот Јусуф ед-Дувејкат.