Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Mahmut Geldi
26 Мај 2023•Ажурирај: 29 Мај 2023
КУДС (АА) - Израелските сили отворија оган и раниja еден Палестинец во окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Според израелската јавна радиодифузна корпорација (КАН), израелските војници застрелале Палестинец кој влегол во еврејската населба во градот Хеброн, што се наоѓа на југот на Западниот Брег.
Се тврди дека Палестинецот, за кој се вели дека бил застрелан и тешко повреден, носел нож во раката.
Податоците за идентитетот на Палестинецот, кој беше ранет од куршумите на израелските војници, не се објавени.