Mustafa Deveci
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Израелските сили на Западниот Брег приведоа 15 Палестинци, меѓу кои е и еден новинар, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Израелската војска е соопштено дека Палестинците се приведени поради наводна „вмешаност во терористички активности“.
Наведено е и дека се приведени на испитување.
Палестинските извори потврдија дека меѓу приведените е и Али Дар Али, новинар на една локална телевизија. Тој е осмиот палестински новинар кој е приведен во последните две недели.
Израелските сили, често, на Западниот Брег и во Источен Ерусалим, под различни изговори, изведуваат рации и приведуваат Палестинци.
Податоците на Здружението на палестинските затвореници покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци, а меѓу нив се и 50 жени и околу 300 малолетници. Меѓу Палестинците кои се наоѓаат во израелските затвори се наоѓаат и повеќе од 20 новинари.