Ekip
15 Август 2018•Ажурирај: 16 Август 2018
РИМ (AA) - „Најмалку 37 лица загинаа во рушењето на мостот „Моранди“ на Автопатот A10 во Џенова“, потврдија италијанските функционери, јавува Anadolu Agency (AA).
И понатаму траат акциите за пребарување и спасување под урнатините. Исчезнаа најмалку две лица.
Мостот „Моранди“ се сруши во вторник со десетици возила кои се наоѓаа на него. Паднаа од висина од околу 50 метри. Повредени се 16 лица. Постои мислење дека причина за рушењето е силен ветер.
Се работи за вијадукт кој е познат под името мост „Моранди“, изграден во 1960 година. Италијанските медиуми пишуваат дека причина за рушење е слабата конструкција.
Вијадуктот е обновен во 2016 година и поминува над трговски центри, фабрики, станбени згради, железницата Џенова - Милано и реката Полчевера.