Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout,Hacer Başer
24 Октомври 2022•Ажурирај: 30 Октомври 2022
КУДС (АА) - Израелските сили уште еднаш го срушија селото Ал Аракиб, дом на палестинските бедуини, во пустината Наџаф на јужниот дел на земјата, оставајќи многу луѓе без покрив над главата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Членот на Комитетот за одбрана на Ал Аракиб, Азиз ет Тури, за АА изјави дека израелските сили упаднале во селото и го уништиле по 208-ми пат.
Тој посочи дека жителите повторно ќе го обноват своето село.
Повеќе од 80 Палестинци живеат во селото Ал Аракиб, кое првпат беше уништено од Израел во јули 2010 година.
Властите во Тел Авив тврдат дека селото е „изградено нелегално и треба да се урне“.
Селаните истакнуваат дека областа ја наследиле од нивните дедовци многу пред Израел да биде основан.
Жителите од тоа подрачје го продолжуваат својот отпор со обнова на куќите со дрвени и пластични материјали по секое уривање на нивните домови.
Според палестински извори, администрацијата на Тел Авив досега експроприрала 11 милиони хектари од 12 милиони хектари на пустината Наџаф, каде што живеат околу 220.000 Палестинци.