Ruslan Rehimov
24 Октомври 2022•Ажурирај: 25 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека руските тврдења за „валкана бомба“ (бомба со радиоактивна содржина) се одвратни и ја повика Меѓународната агенција на Обединетите нации за атомска енергија да испрати набљудувачки мисии во неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Украинската војска секој ден ја ослободува нашата земја од руската нечистотија. Идејата за валканата бомба ни звучи одвратно. Ги покануваме набљудувачките мисии на Меѓународната агенција на Обединетите нации за атомска енергија во Украина. Светот мора да одговори на нуклеарната уцена на Русија. Бараме почитување на членот 4 од меморандумот од Будимпешта“, напиша Резников на својот официјален профил на Твитер.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврдеше дека Украина ќе употреби „валкана бомба“.
Министрите за надворешни работи на Соединетите Американски Држави, Франција и Велика Британија во заедничко соопштение ги отфрлија тврдењата на Русија дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“ на свое тло.