свет

Израелските сили оваа година усмртија 52 палестински деца

Израелските сили употребиле прекумерна сила против палестинските деца, вклучувајќи и вистински куршуми, и дека од 52-те убиени палестински деца 18 се погодени во глава

Mustafa Deveci  | 19.11.2018 - Обновена : 20.11.2018
Израелските сили оваа година усмртија 52 палестински деца

Erusalim

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили оваа година убија 52 палестински деца во окупираниот Западен Брег и Појасот Газа, која се наоѓа под блокада, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на „Движењето за одбрана на децата во светот - Палестина“ се истакнува дека од јануари до денес во рамки на нападите на Израел се убиени вкупно 52 палестински деца, од кои 46 во Појасот Газа, а 6 во Западниот Брег.

Се нагласува дека израелските сили употребиле прекумерна сила против палестинските деца, вклучувајќи и вистински куршуми, и дека од 52-те убиени палестински деца 18 се погодени во глава.

Особено цел на израелските сили се децата кои учествуваат на мировните демонстрации „Марш за големото враќање“ коишто се одржуваат во Појасот Газа од 30 март до денес.

Последното убиено дете во израелските напади во Газа е 12-годишниот Насер Мусабих, кој беше застрелан во главата од страна на снајперист.

Според податоците на „Движењето за одбрана на децата во светот - Палестина“, израелските сили од 2000 година до денес убиле 2.070 палестински деца.

Од друга страна, според податоците на Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори има 350 палестински деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın