Ekipa
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
ГАЗА (АА) - Министерството за внатрешни работи во Газа соопшти дека се погубени три лица, кои се осудени за шпионажа во корист на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Воениот суд во Газа им изрече смртна казна на три лица, за велепредавство и шпионирање за Израел, а во соопштението на министерството се наведува дека смртните казни се извршени откако Апелациониот суд ги потврди пресудите.
„Казните се изречени во согласност со палестинскиот Устав. Три лица се погубени поради велепредавство. Станува збор за лица кои шпионирале за окупаторот и непријател на палестинската држава и народ“, се наведува во соопштението.
Погубувањето е извршено во полицискиот комплекс „Арафат“, во Газа.