свет

Израелските сили застрелаа тројца Палестинци во Наблус, на Западниот Брег

40 лица се повредени во рацијата на израелските војници, од кои четворица се во критична состојба

Ekipa  | 09.08.2022 - Обновена : 10.08.2022
Израелските сили застрелаа тројца Палестинци во Наблус, на Западниот Брег Фото: Issam Rimawi/AA

НАБЛУС (АА) - Тројца Палестинци се застрелани денес во израелска рација во градот Наблус на Западниот Брег, соопшти Министерството за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството се вели дека 40 други лица се повредени во рацијата, од кои четворица се во критична состојба.

Израелската армија соопшти дека Ибрахим ал Набулси, припадник на бригадите на Мачениците на Акса, вооруженото крило на групата Фатах, бил убиен во рацијата.

Во соопштението се вели дека израелските војници го опколиле домот на Ал Набулси, што довело до размена на истрели.

„Израелските сили употребија ракети лансирани од рамо во објектот во кој се криеше Ал Наблуси“, соопшти Армијата.

Не постојат информации за повредени меѓу израелските војници.

Израелската армија го товари Ал Набулси дека извршил напади врз израелските сили во Наблус.

Рацијата се случува два дена откако прекинот на огнот со посредство на Египет стави крај на тридневните израелски воздушни напади врз Појасот Газа, во кои загинаа 45 Палестинци, а десетици беа повредени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın