Ekipa
09 Август 2022•Ажурирај: 10 Август 2022
ДУХОК (АА) - Стотици илјади Сиријци кои престојуваат во камповите во ирачките градови Духок и Ербил не можат да се вратат во своите домови поради присуството на терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во границите на градот Духок има речиси 20 бегалски кампови. Сириските бегалци престојуваат во камповите Домиз 1 и 2, Бердереш, Ѓевилан и Акре.
Шиван Али, кој дошол во кампот „Домиз“ во Духок од областа Камишли во североисточна Сирија и живее таму веќе 11 години, е еден од оние кои не можеле да се вратат во својата земја поради терористите на ПКК.
„Изгубивме секаква надеж да се вратиме во своите домови. Животот таму стана многу тежок, условите се многу тешки. Доколку има безбедност во Сирија и доколку бидеме убедени дека сме безбедни, сакаме да се вратиме“, рече Али.
- ПКК насилно регрутира млади во Сирија -
Уште еден сириски бегалец, Ијад Хасан, истакна дека не можат да се вратат во своите домови поради терористичките напади, конфликтите и немирите.
„Сириските бегалци во ИКБЈ (заб.ав. Регионална курдска администрација на северот на Ирак) се плашат да се вратат поради ПКК. Затоа што ПКК насилно регрутира млади луѓе во Сирија и ги принудува да се борат. Затоа, не сакам да одам таму што е можно подолго, ќе ги донесам и моите родители овде да живеат во кампот“, рече Хасан.
Мухамед Али, исто така бегалец, рече дека нивната состојба е многу лоша.
„Меѓународните организации ја прекинаа помошта. Порано носеа пакети со храна, а сега не“, рече Али.