Израелските демонстранти го блокираа автопатот Тел Авив - Ерусалим, бараат ослободување на заложниците од Газа
- „Заложниците умираат“ и „Израелската Влада ги убива заложниците“ скандираа демонстрантите за време на протестот

СКОПЈЕ (АА) - Израелските демонстранти го блокираа главниот автопат што ги поврзува Тел Авив и Ерусалим во вечерните часови барајќи ослободување на заложниците во Појасот Газа, известува Анадолу.
Стотици демонстранти, вклучувајќи и членови на семејствата на заробените Израелци, го блокираа „Автопатот 1“ во двата правци во близина на раскрсницата Анава, објави весникот „Једиот ахронот“.
„Заложниците умираат“ и „Израелската Влада убива заложници“, скандираа демонстрантите за време на нивниот митинг. Полицијата подоцна соопшти дека ги растерала демонстрантите и го отворила патот за сообраќај.
Израелските медиуми објавија дека по протестот стотици демонстранти ги пробиле бариерите и се судриле со полицијата пред резиденцијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Во видеоизјава, Нетанјаху ги опиша демонстрантите пред неговиот дом во Западен Ерусалим како „фашистичка милиција“, тврдејќи дека му се заканувале дека ќе го убијат него и неговото семејство.
Тел Авив тврди дека во Газа има 48 заложници Израелци, од кои 20 се живи.
Во меѓувреме, повеќе од 10.800 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори, каде што се соочуваат со тортура, глад и медицинско занемарување, а многумина се убиени, се наведува во палестинските и израелските извештаи за човекови права.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.