свет

Израелските граѓани на протести во Западен Ерусалим, бараат ослободување на заложниците во Газа

Демонстрантите носеа транспаренти со кои ја повикаа Владата да ја прекине војната и да постигне договор што е можно поскоро

Elena Trenchevska Chekovic  | 03.09.2025 - Обновена : 03.09.2025
Израелските граѓани на протести во Западен Ерусалим, бараат ослободување на заложниците во Газа Фото: Mostafa Alkharouf/AA

СКОПЈЕ (АА) - Израелците одржаа протест денес пред владина зграда во Западен Ерусалим, барајќи ослободување на заложниците кои се држат во Појасот Газа, јавува Анадолу.

Демонстрантите носеа транспаренти со кои ја повикаа Владата да ја прекине војната и да постигне договор што е можно поскоро.

Околу 250 заложници беа однесени во Газа по прекуграничниот напад на Хамас во Израел на 7 октомври 2023 година.

Тел Авив проценува дека во Газа сè уште има 50 израелски заложници, од кои 20 живи. Во меѓувреме, групите за човекови права велат дека повеќе од 10.800 Палестинци се држат во израелските затвори под тортура, изгладнување и медицинско запоставување.

Израел уби речиси 64.000 Палестинци во Газа од октомври 2023 година. Воената кампања ја опустоши енклавата, која се соочува со глад.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради воените дејства во енклавата.

Меѓународните напори за прекин на огнот, откако Израел го прекина примирјето во март, досега не вродија успех.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.