Anees Suheil Barghouti
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на окупираниот Западен Брег приведоа 29 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска соопшти дека синоќа на неколку локации низ Западниот Брег привела Палестинци поради обвиненијата за учество во „терористички активности“.
„Од своите домови во градовите Рамала, Хеброн и Витлеем, на Западниот Брег, приведени се 11 лица“, соопштија од Здружението на палестинските затвореници.
„Уште 18 Палестинци се приведени од градовите Наблус, Џенин, Калкилија и Тулкарем. Палестинците се приведени поради понатамошна истрага“, се наведува во соопштението.
Израелските сили речиси секој ден спроведуваат операции на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс) и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Податоците на Здружението на палестински затвореници покажуваат дека во израелските затвори се наоѓаат околу 6.400 Палестинци, меѓу кои 350 малолетници.
Тензиите на Блискиот Исток се додатно интензивирани по неодамнешното преместување на Американската амбасада во Ерусалим (Кудс), кој Израел го окупираше во 1967 година.
Илјадници Палестинци, од крајот на март, протестираат на границата на Газа поради израелската окупација и бараат право на враќање на својата земја.
Источен Ерусалим, кој Палестинците го сакаат за главен град на идната палестинска земја, останува во центарот на повеќедеценискиот судир на Блискиот Исток.