Ekipa
18 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
АНКАРА (АА) - На брод со околу 150 мигранти што потона во водите на Турската Република Северен Кипар, загинаа најмалку 19 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Бродоломот се случил во близина на местото Јени Еренкој.
Крајбрежната стража на Т. Р. Северен Кипар соопшти дека во бродоломот загинале најмалку 19, а дека се спасени најмалку 103 повредени лица.
Спасувачките екипи трагаат по најмалку 25 други исчезнати лица. Спасените мигранти се префрлени во Турција.