Mücahit Aydemir
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) - Палестинка го загуби животот како резултат на оган отворен од израелски војници на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од палестинското Министерство за здравство се истакнува дека 31-годишната Гуфран Вересане загинала откако е испукан куршум од окупаторските војници во близина на бегалскиот камп „Ел Аруб“ на северот на Хеброн.
Се наведува дека Палестинката е застрелана во пределот на градите.
Од друга страна, во соопштението на Израелската армија се вели дека младата жена се обидела да нападне со нож.
Се тврди дека младата жена имала нож во раката и се обидувала да напредува кон војник задолжен да ја осигура безбедноста на патот бр. 60 и дека била неутрализирана откако војникот на нападот одговорил со оган.
Во соопштението на палестинската Црвена полумесечина, пак, се наведува дека медицинските екипи околу 20 минути биле спречени да стигнат до Палестинката која била погодена од страна на израелските војници.