Sena Güler
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ГАЗА (АА) - Израелските борбени авиони погодија воена цел во Појасот Газа, кој припаѓаше на военото крило на Хамас, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Мета на авионите вчера беше Дир ал-Бала, округ јужно од градот Газа, каде се наоѓаше воената позиција на бригадата Езедин ал-Касам“, изјави безбедносниот извор кој сакаше да остане анонимен.
Од Министерството за внатрешни работи на Појасот Газа објавија дека два извидувачки израелски авиони гаѓале кон два чамци кои припаѓаат на поморската полиција во пристаништето Газа.
Не е пријавено дали имало жртви во нападите.
Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека нејзините авиони вчера гаѓале шест воени позиции кои припаѓале на Хамас како одговор на „обидот на инфилтрација“.