Mustafa Deveci
02 Октомври 2020•Ажурирај: 03 Октомври 2020
ЕРУСАЛИМ
Асаф Замир, министерот за туризам на Израел, од коалициската Влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху, соопшти дека поднел оставка од функцијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Замир на својот профил на социјалните мрежи соопшти дека ја испратил оставката до Бени Ганц, лидерот на Сино-белиот сојуз.
Обвинувајќи го Нетанјаху дека пред сѐ ги става своите лични интереси, Замир рече: „Не би можел повеќе да работам во влада предводена од човек на кого не му верувам.“
Замир реагираше на Нацрт-законот со кој се предвидуваат ограничувања на демонстрациите против Нетанјаху и гласаше против тој закон.
Нацрт-законот што предизвика реакции, беше прифатен на парламентарното гласање во вторникот, како резултат на договорот постигнат помеѓу Сино-белиот сојуз и партијата на Нетанјаху, Ликуд.