Dmitri Chirciu
02 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
МОСКВА (АА) - Во Русија, бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 21.077, додека бројот на дијагностицирани случаи во земјата порасна на 1.194.643, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 9.412 нови случаи на вирусот, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 1.194.643.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починаа уште 186 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 21.077.
Оздравеа уште 6.054 лицa, со што вкупно оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се 970.296 лица.
Во Русија направени се над 46,8 милиони тестирања за Ковид-19.