Mohamad Misto
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Израел синоќа истрела неколку проектили земја-земја насочени кон локации јужно од Дамаск, објави сириската државна новинска агенција САНА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Проектилите испукани од Голанската Висорамнина окупирана од Израел погодиле точки во близина на градот Закија, предизвикувајќи одредена материјална штета.
Израел во неколку наврати изврши напади врз Сирија насочени кон силите на режимот на Башар ал Асад и терористичките организации поврзани со Иран.