свет

Израелски медиуми: Наскоро нормализација на односите меѓу Израел и Оман

Објавено е дека нормализацијата на односите меѓу Израел и Оман најверојатно ќе се случи по изборите во САД

Ekipa  | 25.10.2020 - Обновена : 28.10.2020
Израелски медиуми: Наскоро нормализација на односите меѓу Израел и Оман

ЕРУСАЛИМ (АА) - Оман ќе биде следната арапска земја што ќе ги нормализира односите со Израел, објавија денес израелските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Израелските власти веруваат дека Оман наскоро ќе потпише договор за нормализација на односите со Израел под покровителство на САД“, објави израелскиот „Канал 12“.

Телевизискиот канал објави дека нормализацијата на односите меѓу Израел и Оман најверојатно ќе се случи по изборите во САД.

Мускат досега не ги коментираше наводите на израелските медиуми.

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, неодамна потврди дека „ќе следуваат и други земји“, во врска на договорите за нормализација на односите на Израел со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин и Судан.

Оман ги поздрави чекорите на Емиратите и Бахреин за нормализирање на односите со Израел.

Во 2018 година, Нетанјаху оствари ненадејна посета на Оман и се состана со сега покојниот султан Кабус бин Саид.

Во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Судан и Израел се согласиле да ги нормализираат своите односи.

Судан стана петтата арапска земја што воспостави официјални односи со Израел по Египет во 1979 година, Јордан во 1994 година и ОАЕ и Бахреин во септември оваа година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.