Mohamed Sabry Emam Muhammed
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција во рација во раните утрински часови денес во северниот дел на Израел уапси лидер на Исламско движење, јавува Anadolu Agency (AA).
Сулејман Ахмад Агбариа, поранешниот шеф на општината Ум ел Фам, беше уапсен во својот дом, објави Израелското радио.
Не се дадени повеќе детали во врска со причината за неговото приведување.
На Агбариа му беше забрането од страна на израелските власти да ја напушта земјата од безбедносни причини.
Израелската полиција сеуште не издаде официјално соопштение во врска со апсењето.
Во 2015 година, Израелската влада го забрани Исламското движење во северен Израел, чиј водач беше истакнатиот палестински лидер Раед Салах.