свет

Израелската полиција приведе седум Палестинци во Кудс

Од почетокот на светиот месец Рамазан на муслиманите, Ерусалим беше сведок на судири меѓу младите Палестинци и израелските сили поради обидите на израелските сили да ги спречат годишните рамазански собири и активности во центарот на градот

Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout  | 19.04.2021 - Обновена : 21.04.2021
Израелската полиција приведе седум Палестинци во Кудс Фото: АА/Архива

КУДС (АА) - Израелската полиција приведе седум Палестинци во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Петмина осомничени се приведени минатата ноќ во областа Баб ал Амуд во рамките на истрагата, под обвиненија за фрлање камења и напад врз полициските службеници“, се вели во соопштението на полицијата.

„Двајца млади Палестинци беа исто така приведени денес под обвиненија дека нападнале Израелец во истата област“, соопшти полицијата.

Шести последователен ден, израелската полиција ги принудува Палестинците да ја евакуираат областа Баб ал Амуд, една од портите кон Стариот град во Ерусалим, предизвикувајќи судири меѓу младите Палестинци и полицискиот персонал.

Од почетокот на светиот месец Рамазан на муслиманите, Ерусалим беше сведок на судири меѓу младите Палестинци и израелските сили поради обидите на израелските сили да ги спречат годишните рамазански собири и активности во центарот на градот.

Израел го окупираше Источен Кудс за време на Арапско-израелската војна во 1967 година. Исто така, го анектираше целиот град во 1980 година во чекор што никогаш не беше признат од меѓународната заедница.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın