Gülşen Topçu
25 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
КУДС
Израелската полиција приведе 10-годишно палестинско дете во подрачјето на Бејт Ханина, што се наоѓа во северниот дел на окупираниот Кудс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информативниот центар „Вади Хилве“, кој врши активности во окупираниот Источен Кудс, објави видеоснимка од моментот на приведување на неидентификуваното палестинско дете.
На снимките се забележува како плачат браќата на приведеното 10-годишно дете и ги молат полицајците да го ослободат.
Од друга страна, очевидците нагласија дека израелската полиција извесно време го држела детето во полициското возило, а потоа го ослободиле.
Не се дадени информации околу тоа зошто било приведено ова палестинско дете.
Инаку, израелските сили често вршат рации во куќите во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, и под различни тврдења приведуваат Палестинци.
По приведувањата што станаа вообичаени во Западниот Брег и Источен Кудс, дел од Палестинците, меѓу кои жени и деца, со денови се држат во центрите за притвор.