Abdel Ra'ouf D. A. R. Arnaout
05 Септември 2022•Ажурирај: 08 Септември 2022
АЛ-КУДС (АА) - Израелската Војска тврди дека новинарката на Ал Џезира, Ширен Абу Аклех, веројатно по „грешка“ е убиена од страна на израелски војник, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека по низа истраги спроведени од специјализиран стручен тим, не можело со сигурност да се утврди кој е одговорен за убиството на Абу Аклех.
Сепак, се вели дека е „голема можноста“ дека таа била убиена од „погрешен оган“ од војници кои пукале кон палестински вооружени лица за време на конфликтот.
Војската и понатаму тврди дека останува на маса можноста Абу Аклех да била убиена од страна палестински вооружени лица.
Абу Аклех е убиена на 11 мај додека известуваше за израелскиот воен напад во близина на бегалскиот камп Џенин на окупираниот Западен Брег. Палестинските власти и нејзиниот работодавец Ал Џезира соопштија дека новинарката била убиена од оган на израелската Армија.
Палестинското Министерство за надворешни работи ја осуди одлуката и го обвини Израел дека е целосно одговорен за убиството.
Многу земји, групи за човекови права и медиуми бараат транспарентна истрага за убиството на палестинскиот новинар.