Израелската војска го гранатираше руралниот дел на Кунејтра, нарушувајќи го суверенитетот на Сирија
- Неодамна се интензивираа израелските упади во Кунејтра, при што локалното население се жали на напредување на војската на нивното обработливо земјиште, како и на уништување на стотици хектари шуми, приведувања на жители...
ДАМАСК/ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија вечерва го гранатираше руралното подрачје на Кунејтра во Југозападна Сирија, што е најново нарушување на суверенитетот на земјата, јавува Анадолу.
Израелската артилерија го гаѓаше подрачјето на источниот Тал ал-Ахмар во руралниот дел на Кунејтра, објави државниот телевизиски канал Алихбарија.
Нема непосредни извештаи за повредени или материјална штета.
Неодамна се интензивираа израелските упади во Кунејтра, при што локалното население се жали на напредување на војската на нивното обработливо земјиште, како и на уништување на стотици хектари шуми, приведувања на жители и воспоставување воени контролни пунктови.
Според податоците на Анадолу, само во ноември израелската армија има извршено 47 упади во Јужна Сирија.
Владините податоци покажуваат дека израелската армија извршила над 1.000 воздушни напади врз Сирија и повеќе од 400 прекугранични упади во јужните покраини од декември 2024 година.
По падот на режимот на Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година Израел ја прошири својата окупација на сириската Голанска Висорамнина со заземање на демилитаризираната тампон-зона, потег со кој се прекрши Договорот за недејствување од 1974 година со Сирија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
