Ekip
04 Ноември 2022•Ажурирај: 05 Ноември 2022
ГАЗА (АА) - Израелската војска денеска бомбардира локација на Бригадите „Ал Касам“, военото крило на движењето Хамас во Појасот Газа, но нема пријавени загинати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на војската, Авичај Адрае, изјави: „Авионите нападнаа подземна локација на организацијата Хамас што се користи како специјален комплекс за развој и производство на рачен противтенковски фрлач на гранати.“
„Нападот е одговор на синоќешното истрелување на гранати кон Израел“, додаде тој.
Дописникот на АА јави дека израелски воени авиони извршиле напади врз локацијата на Бригадите „Ал Касам“ во централниот дел на Појасот Газа.
Бомбардирањето оштети неколку куќи и предизвика прекин на снабдувањето со електрична енергија.
Синоќа, израелската војска објави дека нејзиниот систем „Железна купола“ пресретнал проектил истрелан од Појасот Газа за првпат по речиси три месеци.
Немаше соопштение од палестинските фракции во Појасот.
Според државниот израелски канал КАН, ракетниот напад бил одговор на убивањето на активистот на Исламски џихад, Фарук Саламех, од страна на израелската војска во градот Џенин на северниот дел на Западниот Брег.