Esat Fırat
13 Јануари 2021•Ажурирај: 13 Јануари 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската Влада донесе одлука за изградба на 530 нови нелегални станбени единици за еврејските доселеници во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на израелската радиодифузна корпорација „КАН“, израелските власти ја одобриле одлуката за изградба на 530 нови станбени единици, од кои 400 во еврејското населено место Гило во јужниот дел на Источен Ерусалим, и 130 во еврејското населено место Рамат Шломо во северниот дел на Источен Ерусалим.
Во веста се нагласува дека оваа одлука е донесена пред доаѓање на функција на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, кој се вели дека во минатото играл значајна улога во замрзнувањето на активностите на изградба и проширување на еврејските населени места во Источен Ерусалим.
Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот соопшти дека ја одобрил одлуката за изградба на 800 нови станбени единици за еврејските доселеници во окупираниот Западен Брег.