Ahmed Asmar
18 Мај 2024•Ажурирај: 20 Мај 2024
РАМАЛА (АА) - Во петокот израелската војска упадна во џамијата Ибрахим во градот Хеброн на Западниот Брег и го забрани езанот, односно повикот на муслиманите за вечерна молитва, а ја забрани и вечерната молитва, известува Анадолу.
Гасан ал-Раџаби, директорот на Вакавскиот оддел во Хеброн, за Анадолу изјави дека војниците ги бркале службениците на вакафот надвор од џамијата и ги спречиле да извршат Магриб - вечерна молитва.
Тој додаде дека упадот на војската му овозможил на висок израелски функционер да влезе во џамијата, правејќи обиколка на нејзини делови.
Ал Раџаби напоменал дека џамијата останала затворена за палестинските верници до ноќните молитви.
Откако еврејскиот екстремистички доселеник Барух Голдштајн масакрираше 29 палестински верници во оваа џамија во 1994 година, израелските власти го поделија комплексот на џамијата меѓу муслиманските и еврејските верници.
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи да ги вклучи џамијата Ибрахим и стариот град Хеброн на листата на светско наследство во јули 2017 година.
Хеброн е дом на приближно 160.000 палестински муслимани и на околу 500 еврејски доселеници кои се строго чувани од израелските сили во низа енклави само за Евреи.