İdiris Okuduci
21 Мај 2024•Ажурирај: 22 Мај 2024
БЕЈРУТ (АА) - Израелската армија соопшти дека еден од командантите на Хезболах е убиен во воздушен напад во Јужен Либан, јавува Анадолу.
Израелската армија соопшти дека е убиен Касим Саклави, командант на единицата за ракети и проектили.
Соопштено е дека нападот бил извршен вчера со беспилотно летало во близина на градот Сур во јужниот дел на Либан.
Хезболах потврди дека Саклави е убиен, без да даде детали.
Во судирите со Израел од 8 октомври минатата година загинаа 397 припадници на Хезболах. Загинаа и 61 либански цивил, 19 од движењето Амал, 13 од Хамас, 15 припадници на Исламски џихад, 14 израелски војници и 10 израелски цивили.