свет

Израелската армија предупреди за напади врз уште два града во јужен Либан

- Израел ги интензивира нападите врз Либан и покрај прекинот на огнот постигнат на 27 ноември 2024 година.

Mustafa Deveci  | 19.11.2025 - Обновена : 19.11.2025
Израелската армија предупреди за напади врз уште два града во јужен Либан Mohamad Zanaty/AA

Ankara

АНКАРА (АА) - Израелската армија се закани дека ќе нападне уште два града во јужен Либан и покрај прекинот на огнот, барајќи од жителите во близина на целните области да ги напуштат подрачјата, известува Анадолу.

Израел ги интензивира нападите врз Либан и покрај прекинот на огнот постигнат на 27 ноември 2024 година.

Израелската армија се закани дека ќе нападне уште два града во подрачјето на градот Тир во јужен Либан кусо по воздушните напади врз Деир Кифа и Шухур.

Во изјава дадена на платформата за социјални медиуми на американската компанија X, портпаролот на израелската армија, Авичај Адраи, изјави дека Израел ќе нападне некои точки во градовите Ајната во покраината Набатије во јужен Либан и Теир Филсај во покраината Сур.

Адраи најави дека ќе бидат извршени воздушни напади врз „воените структури на Хезболах“ во градовите Ајната и Теир Филсај.

Адраи сподели мапа на областите што ќе бидат нападнати и побара од либанските жители што живеат во близина на тие подрачја, да ги напуштат своите домови.

Израелската армија неодамна изврши воздушни напади врз неколку локации во градовите Деир Кифа и Шухур, обете во покраината Тир во јужен Либан.

Тринаесет лица беа убиени во воздушен напад извршен од израелската армија врз палестинскиот бегалски камп Ајн ал-Хилва во либанскиот град Сидон синоќа.

И покрај прекинот на огнот, израелската армија откако даде слична најава, на 6 ноември спроведе воздушни напади врз пет одделни градови во јужен Либан.


- Договор за прекин на огнот

Израел започна напад врз Либан во октомври 2023 година, а до септември 2024 година, овој напад ескалираше во целосна војна. Во оваа војна се убиени повеќе од 4.000 луѓе, а приближно 17.000 се повредени.

И покрај договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Либан и Израел во ноември 2024 година, Израел повеќе од 4.500 пати го прекрши прекинот на огнот, убивајќи и повредувајќи на стотици цивили.

Израел, кој сè уште под окупација држи пет ридови што ги зазеде во Либан, го продолжува и своето присуство во некои области што се под негова контрола повеќе децении.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın