Rania R.a. Abushamala
23 Октомври 2023•Ажурирај: 24 Октомври 2023
КУДС (АА) - Израелската армија потврди дека 222 заложници се држени од палестинската група Хамас во Појасот Газа по прекуграничниот напад на 7 октомври, пренесува Анадолу.
Воениот портпарол Даниел Хагари изјави за новинарите дека меѓу заложниците има голем број странски државјани.
„Ќе ги искористиме сите достапни средства за безбедно ослободување на заложниците, без разлика дали преку воени, разузнавачки или дипломатски канали“, рече тој.
„Ова ја претставува основната цел на оваа војна, покрај рушењето на владеењето на Хамас и уништувањето на неговите способности. Овие цели ќе бидат постигнати“, истакна Хагари.
Портпаролот рече дека бројот на израелски воени жртви од војната во Газа достигнал 308.
Тој истакна дека израелската армија ги има телата на најмалку 1.000 убиени членови на Хамас, но не да даде дополнителни детали.