Iyad Nabolsi
15 Јули 2024•Ажурирај: 16 Јули 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Израелски борбени авиони синоќа бомбардираа локации во селото Ајта аш Шаб и градот Меис Ел Џабал во Јужен Либан, јавува Анадолу.
Според либанската Национална новинска агенција, воени авиони ги повториле нападите врз Ајта аш Шаб.
Во воздушен напад е уништена куќа во градот Меис Ел Џабал во округот Марџајун, без да предизвика никакви повреди, наведува агенцијата.
Компанијата „Електрисити оф Лебанон“ објави дека израелската армија во саботата ја гаѓала електраната на Марџајун со артилериски гранати „што предизвикало сериозни оштетувања на трансформаторите, ќелиите и високонапонските мрежи, поради што не се во функција“.
Се додава дека се проценува техничко-инженерската состојба на станицата за да се преземат соодветни мерки.
Се зголемија стравувањата од полноправна војна меѓу Израел и либанската група на отпорот Хезболах по размената на прекугранични напади.
Ескалацијата доаѓа во заднина на смртоносните израелските напади врз Газа, во кој се убиени речиси 38.600 луѓе од октомври минатата година, по нападот на палестинската група на отпорот Хамас.