Mustafa Deveci
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
Израелска телевизија објави дека администрацијата на Соединетите Американски Држави (САД) упатила ултиматум до Судан за да го потпише Договорот за нормализирање на односите со Израел, и дека администрацијата на Картум го прифатила тоа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на израелската телевизија „И24 Њуз“ (I24 News) се тврди дека американските и суданските претставници оствариле средба во врска со нормализирањето на односите меѓу администрацијата на Картум и Израел.
Во веста се вели дека на оваа средба американската страна упатила ултиматум до Судан за нормализирање на односите со Израел, и дека од администрацијата на Картум е побарано да даде одговор во рок од 24 часа.
Според соопштеното, како возврат за нормализирање на односите со Израел, САД предложиле да го отстранат Судан од листата на земји кои го поддржуваат тероризмот.
Се тврди дека Судан го прифатил овој предлог, но официјалните власти сѐ уште не дале изјава околу случајот.