Ömer Tuğrul Çam
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
БРИСЕЛ (АА) - Властите на Европската Унија (ЕУ) воведоа санкции за рускиот бизнисмен Јевгениј Викторович Пригожин поради поврзаноста со безбедносната компанија „Вагнер“, која го прекрши ембаргото на увозот на оружје во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Европскиот совет соопшти дека Пригожин е на листата на санкции на ЕУ поради финансиска поврзаност со групата „Вагнер“, која со активностите го загрозува мирот, сигурноста и стабилноста во Либија.
Санкциите вклучуваат забрана за влез во ЕУ, замрзнување на имотот на тлото на ЕУ, како и забрана за финансиска соработка со физички и правни лица од ЕУ.
Пригожин се смета дека е многу близок со рускиот претседател Владимир Путин. Неретко го нарекуваат и „келнер на Путин“ поради работата која ја води во областа на организирањето приеми во Кремљ, а голем број извори тврдат дека раководи и со групата „Вагнер“.
Во образложението на санкциите кои ги воведе ЕУ се наведува дека Пригожин е поврзан со групата „Вагнер“, која со продажба на оружје и испраќање на платеници војници во Либија во повеќе наврати го прекрши ембаргото на ОН и учествуваше во воените операции против меѓународно признатата Влада на национално единство на Либија.