свет

Израел ќе ја прошири „хуманитарната зона“ во Газа пред копнениот напад во Рафа

Хуманитарната зона ќе се протега од јужниот град Ал-Маваси по крајбрежниот појас до предградието на Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа

Mohammad Sıo  | 22.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Израел ќе ја прошири „хуманитарната зона“ во Газа пред копнениот напад во Рафа

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израел се подготвува да ја прошири „хуманитарната зона“ за палестинските цивили пред планираната копнена офанзива во Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, објавија денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Според израелското радио „Амри“, хуманитарната зона ќе се протега од јужниот град Ал-Маваси по крајбрежниот појас до предградието на Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа.

„Хуманитарната зона ќе може да смести околу еден милион луѓе“, соопшти радиото.

„Во областа се формирани пет теренски болници покрај веќе оперативните болници таму“, јави радиото.

И покрај растечкото глобално противење, Израел ги одобри плановите за копнена офанзива на Рафа, каде што повеќе од 1,5 милиони луѓе се засолнија од бруталниот напад на Израел врз Појасот Газа.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, во кој Тел Авив вели дека се убиени речиси 1.200 луѓе.

Оттогаш се загинати најмалку 34.151 Палестинец, главно жени и деца, а 77.000 се повредени.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.