Ikrame Imane Kouachi
31 Јануари 2025•Ажурирај: 31 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Израел утре ќе ослободи 90 палестински затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа, соопшти денес Канцеларијата за информации за палестинските затвореници, јавува Анадолу.
Деветмина од затворениците отслужуваат доживотни затворски казни, додека 81 затвореник отслужуваат долгогодишни казни.
Палестинската група Хамас претходно денес ги објави имињата на тројца израелски заложници кои ќе бидат ослободени утре.
Според првата фаза од договорот, која треба да трае 42 дена, 33 израелски заробеници ќе бидат ослободени во замена за околу 1.700-2.000 палестински затвореници.
Хамас вчера ослободи тројца израелски и пет тајландски заложници во Газа, додека Израел ослободи 110 палестински затвореници. Тоа беше трета размена од ваков вид откако примирјето меѓу Израел и Хамас стапи на сила на 19 јануари.
Во геноцидната војна на Израел во Газа од 7 октомври 2023 година убиени се повеќе од 47.400 Палестинци, повеќето жени и деца.