свет

Израел цела ноќ ја бомбардираше Газа

- И покрај повикот на американскиот претседател Доналд Трамп „веднаш запрете ги нападите“, израелската армија продолжува со интензивното бомбардирање на различни делови од Појасот Газа

Mehmet Nuri Uçar  | 05.10.2025 - Обновена : 05.10.2025
Израел цела ноќ ја бомбардираше Газа

ИСТАНБУЛ (АА) - И покрај повикот на американскиот претседател Доналд Трамп „веднаш запрете ги нападите“, израелската армија продолжува со интензивното бомбардирање на различни делови од Појасот Газа, известува Анадолу.

Локални извори информираат дека во нападите на Израел во текот на ноќта повредени се голем број Палестинци, а цел бил Универзитетот Ал-Азхар во Газа.

Интензивното бомбардирање на Универзитетот Ал-Азхар целосно ги урнало зградите на неговиот кампус, правејќи ги неупотребливи.

Израелски воени авиони ги бомбардираа шаторите на раселените Палестинци во областа Асда, северно од Хан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа. Повредени се голем број Палестинци во нападот.

Израелските артилериски единици од оклопни возила позиционирани во источниот дел на Долината Газа ги гранатирале местата на кои Палестинците чекале хуманитарна помош. Бројни луѓе беа повредени во нападот.

Во градот Газа, израелските воени авиони извршија неколку последователни напади врз населбите Сабра, Џала и Саласин. Повредени се многу Палестинци и предизвикана е голема штета во околината.

Израелските авиони, исто така, го нападнаа и кампот Мегази во централниот дел на Појасот Газа. Нападот резултираше со повредени Палестинци и оштетување на живеалиштата.

Најмалку 67.074 Палестинци се убиени, а 169.430 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın