свет

„Израел уби 70 Палестинци во Газа и покрај тврдењата за намалување на нападите“, истакна Хамас

- Хамас излезе со реакција на тврдењата на Израел дека ги прекинал нападите врз Газа, истакнувајќи дека продолжуваат израелските злосторства врз палестинскиот народ, при што само на 4 октомври се убиени 70 Палестинци, меѓу кои има жени и деца

Mohamed Majed, Gülşen Topçu  | 05.10.2025 - Обновена : 05.10.2025
„Израел уби 70 Палестинци во Газа и покрај тврдењата за намалување на нападите“, истакна Хамас

ГАЗА (АА) - Хамас објави дека израелските сили убиле 70 Палестинци во Појасот Газа на 4 октомври, и покрај тврдењата на Израел за намалување на нападите, известува Анадолу.

Хамас излезе со реакција на тврдењата на Израел дека ги прекинал нападите врз Газа за да обезбеди ослободување на сите заробеници според планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.

Во соопштението се истакнува дека израелската армија продолжува да извршува злосторства врз палестинскиот народ и дека 70 лица, вклучувајќи жени и деца, биле убиени во нападите само на 4 октомври.

Се нагласува дека овие напади „ги разоткриваат лажните тврдења на владата на воениот злосторник Нетанјаху дека ќе ги намали нападите врз беспомошните цивили“.

Владината канцеларија за медиуми во Газа, исто така, објави дека израелската армија само вчера извршила 93 воздушни напади, во кои се убиени 70 Палестинци, од кои 47 во градот Газа.

На 3 октомври, Хамас објави дека ја прифатил размената на заробеници во рамките на планот на американскиот претседател Трамп за Газа и дека треба да се преговара за некои други одредби.

Трамп, од своја страна, изјави:

„Врз основа на изјавата дадена од Хамас, верувам дека се подготвени за траен мир. Израел мора веднаш да го запре бомбардирањето на Газа за да можеме брзо и безбедно да ги извлечеме заробениците.“

На 4 октомври, Трамп на американската платформа за социјални медиуми Truth Social го сподели следново:

„Го пофалувам Израел за привременото запирање на бомбардирањата за да се обезбеди ослободување на затворениците и комплетирање на мировниот договор.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın