Ahmed Asmar
09 Септември 2024•Ажурирај: 10 Септември 2024
АНКАРА (АА) – Најмалку уште 16 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што вкупниот биланс на убиени од 7 октомври минатата година порасна на 40.988, соопшти денес Министерството за здравство на Газа, јавува Анадолу.
Министерството додаде дека досега во нападите повредени се најмалку 94.825 Палестинци.
„Израелските сили убија 16 лица и повредија 64 во два масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, додаде Министерството.
Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас минатиот 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) која повикува на итен прекин на огнот.
Тековната блокада на Газа доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, оставајќи голем дел од регионот во урнатини.
Израел се соочува со обвинувања за геноцид за неговите постапки во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.