Safiye Karabacak,Hosni Nedim
18 Септември 2024•Ажурирај: 19 Септември 2024
ГАЗА (АА) - Израел уби осуммина Палестинци во нападот врз училиште во источниот дел на градот Газа во кое се засолниле раселените лица, известува Анадолу.
Според информациите добиени од здравствени извори, Израел бомбардирал училиште во кое се засолниле раселените Палестинци, во источниот дел на градот Газа.
Во нападот врз училиштето убиени се осуммина Палестинци, а голем број лица се повредени.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел од 7 октомври 2023 година спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта во Појасот Газа, каде што се засолнети илјадници раселени Палестинци.
Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега убиени се 41.272 Палестинци, од кои најмалку 16.795 деца и 11.378 жени, а 95.551 се повредени.