Ahmed Asmar
01 Август 2024•Ажурирај: 02 Август 2024
АНКАРА (АА) - Израелската војска денес соопшти дека Мухамед Деиф, командантот на вооруженото крило на движењето Хамас, Бригадите Касам, е убиен во воздушен напад минатиот месец, пренесува Анадолу.
„Сега може да потврдиме: Мухамед Деиф е елиминиран“, се вели во соопштението на армијата.
Армијата тврди дека последните неколку часа добила разузнавачки информации што ја потврдуваат смртта на командантот на Хамас, јави весникот „Тајмс оф Израел“.
Сè уште нема потврда за убиството на Деиф од страна на Хамас.
Палестинската група на отпорот претходно негираше дека Деиф е убиен во израелски воздушен напад на 13 јули во Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.