Ekip
05 Април 2022•Ажурирај: 06 Април 2022
КУДС (АА) - Претседателот на Израел, Исак Херцог, помилува украински затвореник за да учествува во војната на неговата земја против Русија, според израелските медиуми.
Државниот канал КАН соопшти дек Херцог одговорил на желбата на затвореникот да се бори за Украина во понеделникот „откако Министерството за правда го поддржа неговото ослободување низ призма на хуманитарна оправданост“.
Каналот соопшти дека Украинецот бил уапсен во 2017 година кога пристигнал во Израел носејќи неколку килограми кокаин во својот куфер.
Се очекува затвореникот да замине во Украина следната недела.
Војната на Русија против Украина, што започна на 24 февруари, беше дочекана со меѓународен гнев, при што Европската Унија, САД и Велика Британија, меѓу другите, воведоа строги санкции кон Москва.
Најмалку 1.430 цивили се убиени во Украина, а 2.097 се повредени, според проценките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 4,21 милион Украинци, исто така, побегнале во други земји, со милиони повеќе внатрешно раселени, според Агенцијата за бегалци на ОН.