Çağrı Koşak
25 Октомври 2021•Ажурирај: 26 Октомври 2021
РАМАЛА (АА) - Израел вчера најави распишување на тендер за изградба на 1.355 нови станбени единици во израелските населби во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс (Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Јакнењето и ширењето на еврејските населби во Јудеа и Самарија е неопходна и многу важна работа во визијата на ционистичкиот потфат“, изјави министерот за домување, Зеев Елкин во соопштение објавено на вебсајтот „Вала њуз“.
„По долг период на стагнација во изградбата во Јудеја и Самарија, ја поздравувам изградбата на над 1.000 станбени единици. Ќе продолжам да ги одржувам еврејските населби во Јудеја и Самарија “, додаде тој.
Палестинското Министерство за надворешни работи преку соопштение ја осуди одлуката на Израел.
„Израел отворено инсистира на изградба на колонијални населби и спроведување на проекти за окупација на палестинските територии, игнорирајќи го ставот на меѓународната заедница и САД по ова прашање“, се вели во соопштението.
Западниот Брег, вклучително и Источен Кудс, според меѓународното право се сметаат за окупирана територија, со што сите еврејски населби таму се нелегални.