Qais Omar Darwesh Omar
11 Јануари 2024•Ажурирај: 12 Јануари 2024
РАМАЛА (АА) - Израелската Армија денес приведе уште 28 Палестинци во воените напади на окупираниот Западен Брег, соопштија групите за прашања на затворениците, пренесува Анадолу.
„Приведувањата се проследени со малтретирање, тешко тепање и закани кон затворениците и нивните семејства, како и со уништување на домови“, се вели во заедничката изјава на Дирекцијата за прашања на затворениците и поранешните затвореници и Здружението на палестински затвореници.
Со новите приведувања, бројот на Палестинците приведени од Израел на Западниот Брег од 7 октомври се зголеми на 5.810.
Податоците објавени од двете групи минатиот месец покажуваат дека најмалку 8.800 Палестинци, меѓу кои 80 жени, се наоѓаат во израелските затвори.
Тензиите се високи низ Западниот Брег откако Израел започна брутални воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври.
Нападите го оставија Појасот Газа во урнатини. Околу 60 отсто од инфраструктурата на палестинската енклава е оштетена или уништена, а околу два милиона жители се раселени. Досега во нападите се убиени 23.357 Палестинци, а 59.410 се ранети.