Satuk Buğra Kutlugün
10 Мај 2018•Ажурирај: 10 Мај 2018
КУНЕИТРА (АА) - Израелските сили извршија жестоки напади во градовите Бас и Хадар во сириската провинција Кунеитра, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската армија изврши тенковски и воздушни напади врз сириските градови доцна во ноќта, а станува збор за област контролирана од силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Израелската армија одби за АА да ги коментира синоќешните напади, но соопшти дека израелските сили пресретнале најмалку 20 ракетни проектили коишто иранските сили од Сирија синоќа ги испалиле кон Израел.
Во соопштението се вели дека иранските сили се обиделе да извршат ракетен напад врз Голанската Висорамнина и дека поради тоа мештаните биле предупредени со сирени за предупредување, по што се повлекле во засолништата.