Rania R.a. Abushamala
15 Јули 2025•Ажурирај: 16 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Израелски авион денес изведе напади врз губернијата Сувајда, во Јужна Сирија, во која живеат мнозинство Друзи, пренесува Анадолу.
„Израелски окупациски авион го нападна градот Сувејда“, објави сириската државна новинска агенција САНА.
Во меѓувреме, армијата изведе напад врз сириски тенк откако влезе во градот Сувејда, објави израелското воено радио.
Вчера повеќе од 30 лица се убиени, а речиси 100 се повредени во судирите меѓу вооружените племенски бедуински борци и милициите на Друзите во Сувејда, соопшти сириското Министерство за внатрешни работи.