Ala er-Rimavi,Safiye Karabacak
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во градот Ел Халил, израелските власти со образложение дека „поттикнува насилство“, затвори една палестинска радиостаница и приведе петмина новинари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска е наведено дека во округот Дура, во градот Ел Халил е затворена радиостаницата „Санабел“, со образложение за „одобрување на нападите против Израел и за провокативни изданија“.
Исто така, во соопштението стои дека затворањето на радиостаницата е извршено во координација со израелската разузнавачка служба Шин Бе. Во оваа операција беше одземена опремата и приведени се петмина новинари.
Според информациите добиени од локалните извори, радиото е затворено само за период од 3 месеци и меѓу приведените се наоѓа и генералниот директор на оваа радиостаница, Ахмед Семих ед-Деравиш.
Еден од главните водачи на движењето „Исламски џихад“, Хедер Аднан, во изјава за АА ова го опиша како „пиратски акт против палестинските медиуми“.