Ekipa
31 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
САНТО ДОМИНГО (АА) - Бразилскиот Сенат на денешното заседавање ќе одлучи за политичката судбина на суспендираната претседателка Дилма Русеф (68), за нејзината промена или останување на позицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Отповикувањето на Русеф сенаторите го изгласаа претходно, поради малверзација со државните пари во 2014 и 2015 година, и кршење на законот, што бразилската претседателка го нарече обид за „државен удар“ и „обид за дестабилизација на нејзината влада“.
Според анкетите на тамошните медиуми, замената на Русеф е сосема сигурна, со оглед на тоа што „за“ нејзина замена се 54 сенатори, додека само 20 се „против“ во парламентарното тело коешто брои 81 место.
За отповикувањето на претседателката е потребно да гласаат две третини (54:81) од сенаторите.
Доколку денешното историско гласање на Сенатот заврши со отстранување на Русеф, тоа ќе значи крај на 13-годишното владеење на владата на Работничката партија.
На нејзино место во тој случај би дошол привремениот претседател Мишел Темер (75), сѐ до изборите во 2018 година, кога ѝ истекува мандатот на Русеф.
Бразилската претседателка е обвинета дека со пари на државните банки ја финансирала државната потрошувачка за време на изборната 2014 година. Таа тврди дека тие пари не влијаеле на дефицитот и дека во следната година се вратени во целост.
Промена на бразилската претседателка во текот на минатата и почетокот на оваа година побараа над милион Бразилци на улиците на многу бразилски градови.
Во јавноста е откриена и најголемата рецесија и корупциски скандал во историјата на јужноамериканската држава.