свет

Израел започна со уредување на картата на Западниот Брег по „Договорот на векот“

Израелскиот премиер истакна дека териториите што ќе бидат дел од Израел се во фаза на мапирање и дека ќе биде воведен израелски суверенитет на целата територија опфатена со картата

Erdoğan Çağatay Zontur  | 09.02.2020 - Обновена : 10.02.2020
Израел започна со уредување на картата на Западниот Брег по „Договорот на векот“

ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата влада започнала со уредување на картата на Западниот Брег за вклучување на областите што Израел планира да ги анектира, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Овој потег доаѓа откако американскиот претседател, Доналд Трамп, го објави таканаречениот „Договор на векот“ за ставање крај на израелско-палестинскиот конфликт.

Нетанјаху истакна дека териториите што ќе бидат дел од Израел се во фаза на мапирање и дека ќе биде воведен израелски суверенитет на целата територија опфатена со картата, објави израелскиот весник „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth).

Тој нагласил дека новата карта ќе ги опфати сите нелегитимни населби во Западниот Брег и регионот на Агвар.

Портпаролот на палестинскиот претседател, Набил Лабу Руедина, потенцираше дека картата на Палестина е призната на глобално ниво, согласно резолуциите на Обединетите нации (ОН).

„Ние нема да имаме никаква поврзаност со ниту една друга карта“, рече тој и нагласи дека сегашната карта на државата датира од 4 јуни 1967 година, со главен град Источен Ерусалим.

Руедина рече дека тоа е единствената карта што ќе обезбеди стабилност и мир во регионот и во светот.

Таканаречениот „Договор на векот“ американскиот претседател Доналд Трамп го објави на 28 јануари. Тој го вклучува Ерусалим како „неделив главен град на Израел“ и го признава израелскиот суверенитет над поголем дел од Западниот Брег.

Планот предизвика големи критики од арапскиот свет и беше одбиен од Организацијата на исламска соработка (OIC), која ги повика „сите земји членки да не се вклучуваат во овој план или на кој било начин да соработуваат со американската администрација во неговото спроведување“.

Земјите членки ја повторија потребата од правично и сеопфатно решение што ги штити правата на Палестинците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.