Emre Aytekin
09 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
АНКАРА
Папуа Нова Гвинеја, која се наоѓа во подрачјето на Океанија, ја потресе земјотрес со интензитет од 6,2 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во источниот дел од земјата, на 122 километри од градот Кокопо на островот Нова Британија, на длабочина од 31,3 километри.
Земјотресот со интензитет од 6,2 степени се случи во 16:04 часот по локално време. Засега нема информации дали во земјотресот има загинати и повредени и колкава материјална штета е причинета. По земјотресот не е дадено предупредување за цунами.